ИФЦ инвестира 25 милиони евра во „Триглав ИНТ“

Bez autora
Apr 04 2012

Триглав ИНТ, компанија-ќерка преку која „Заваровалница Триглав“ поседува неколку осигурителни компании на Балканот, и „Заваровалница Триглав“ завчера склучија договор за упис и Акционерска спогодба, вредни 25 милиони евра, со ИФЦ, член на групацијата Светска банка. Истовремено, беше потпишан договор за основање продажна опција меѓу „Заваровалница Триглав“ и ИФЦ. Документите ги потпишаа Матјаж Раковец, претседател на Управниот одбор на „Заваровалница Триглав“ и Томаж Телма, директор во ИФЦ за Европа и за Централна Азија. Потпишувањето на договорите е клучниот момент во имплементацијата на стратегијата на „Заваровалница Триглав“ за периодот 2011- 2015 година во поглед на експанзијата и консолидацијата на операциите на групацијата на постојните пазари во западен Балкан и на потенцијалните пазари. На овој начин групацијата „Триглав“ ќе овозможи поголема достапност на своите осигурителни производи и може да влијае на осигурителните стандарди во западен Балкан. Според договореното, ИФЦ ќе инвестира 25 милиони евра во

ИФЦ инвестира 25 милиони евра во „Триглав ИНТ“Триглав ИНТ, компанија-ќерка преку која „Заваровалница Триглав“ поседува неколку осигурителни компании на Балканот, и „Заваровалница Триглав“ завчера склучија договор за упис и Акционерска спогодба, вредни 25 милиони евра, со ИФЦ, член на групацијата Светска банка.

Истовремено, беше потпишан договор за основање продажна опција меѓу „Заваровалница Триглав“ и ИФЦ. Документите ги потпишаа Матјаж Раковец, претседател на Управниот одбор на „Заваровалница Триглав“ и Томаж Телма, директор во ИФЦ за Европа и за Централна Азија.

Потпишувањето на договорите е клучниот момент во имплементацијата на стратегијата на „Заваровалница Триглав“ за периодот 2011- 2015 година во поглед на експанзијата и консолидацијата на операциите на групацијата на постојните пазари во западен Балкан и на потенцијалните пазари. На овој начин групацијата „Триглав“ ќе овозможи поголема достапност на своите осигурителни производи и може да влијае на осигурителните стандарди во западен Балкан. Според договореното, ИФЦ ќе инвестира 25 милиони евра во

„Триглав ИНТ“ и за возврат ќе се здобие со сопственост во компанијата во износ од 16,68 отсто.

Во согласност со договореното, стратегискиот партнер ќе номинира еден член во Управниот одбор на „Триглав ИНТ“.

На церемонијата на потпишување Матјаж Раковец, претседател на УО на „Заваровалница Триглав“, нагласи:

- Денес беше отворено ново поглавје во приказната, која почна во 2010 година со основањето на „Триглав ИНТ“. Откако ги собравме сите наши ќерки-компании под еден покрив и УО одобри влез на стратегиски партнер, можеме со подршка на ИФЦ да се фокусираме на стратегиска цел на „Триглав ИНТ“ да станеме центар на осигурителниот бизнис во западен Балкан. Имајќи ја предвид развојната ориентација на ИФЦ, веруваме дека одбравме вистински партнер од доверба.

„Триглав ИНТ“ е словенечка холдинг-компанија која беше основана од „Заваровалница Триглав“ во 2010 година. Оттогаш, па до февруари 2012 година капиталот на „Заваровалница Триглав“ во сите компании-ќерки во регионот беше префрлен во „Триглав ИНТ“.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik